Search

Деми Мур позираше гола за насловна на Harper’s Bazaar – 28 години откако го стори тоа за Vanity Fair

Светот воздивнуваше колективно кога таа позираше гола и бремена на 29-годишна возраст за каверот на Vanity Fair во 1991.

Деми Мур го стори тоа повторно – овој пат позирајќи во езотични марами за насловната страница на Harper’s Bazaar 29 години подоцна.

Носејќи ништо друго освен џиновски розов шешир, актерката од филмот Ghost или Дух неодамна ја сподели неверојатната насловна со фановите на Инстаграм.

Во времето кога позираше за Vanity Fair, сега мајка на три деца, Деми беше  бремена со своето прво дете Румер Вилис, чиј татко е ѕвездата на акциски филмови Брус Вилис.

Актерката (56) разговараше со  Лена Данхам за октомвриското издание на Харпер. Придружното интервју за магазинот е можеби подеднакво емотивно голо како и физичкито голо на насловната страница.

Во него, поранешната сопруга на Ештон Качер зборува за нејзините искуства во  надминување на зависноста, имајќи го предвид фактот дека  „таа ја изгуби трезвеноста во своите 40-ти,“ вели Данхам.

 

Треба да знаете
Последни објави