Search

Дел Потро мора на нова операција на коленото

Хуан Мартин дел Потро ќе мора на нова операција на коленото, јавуваат светските медиуми. Од таа причина, аргентинскиот тенисер ги откажа настапите на турнирите на Њујорк опен и Делреј Бич во февруари.
Дел Потро го одигра последниот меч лани во Квинс каде мораше да се предаде пред Фелисијано Лопез. Затоа во 2019 година настапи во само 12 натпревари, а како стојат работите, нема да се изнаигра и оваа сезона.
Аргентинскиот тенисер имаше одлична сезона во 2018 година во која играше во финале на Ју-Ес опен, четврт-финале на Вимблдон, полуфинале на Ролан Гарос и во Мајами и триумфира во Индијан Велс и во Акапулко.
Треба да знаете
Последни објави