Search

Дел од населбата Пролет утре без вода

Дел од корисниците од населбата Пролет лоцирани во билизна на булеварот „Кочо Рацин” и улиците „Стив Наумов” и „Тетовска” утре од 8:00 часот ќе останат без вода за пиење.

Како што информираат од ЈП „Водовод и канализација ” – Скопје, причина за прекинот во водоснабдувањето е дефект на затворач со пречник од 200 милиметри на булеварот „Кочо Рацин”.

Корисниците ќе бидат без водоснабдување се додка екипите на Јавното претпријатие не го отстранат дефектот.

Треба да знаете
Последни објави