Search

Делегација со играчи од НБА на средба со Папата во Ватикан, ќе разговараат за борбата за социјална правда

Делегација од петмина играчи од НБА лига, како и неколку претставници од најсилната кошаркарска лига на светот, денеска се среќаваат со папата Франциск во Ватикан. Страните разговараат за борбата за социјална правда, која во последно време активно ја водеа спортистите.

Портпарол на Папата минатата недела стапи во контакт со сојузот на играчи, истакнувајќи дека Франциск сака да дознае повеќе за тоа како играчите работеле за да ја подигнат свеста за социјалната правда и проблемите со економската нееднаквост и нивните планови за во иднина.

Во делегацијата се Кајл Корвер, Стерлинг Браун, Џонатан Ајсек, Ентони Толивер и Марко Белинели, како и извршната директорка на Мишел Робертс.

По средбата во папската библиотека на „Апостолската палата”, кошаркарите и претставниците на синдикатот ќе одат на прошетка на плоштадот „Свети Петар”.

Треба да знаете
Последни објави