Search

Девојка загина во пукање во главниот град на Минесота, 14 лица се повредени

Најмалку едно лице загина во пукање во американскиот град Сент Пол, а најмалку 14 се повредени, пренесе Ен-би-си. Пукањето се случило синоќа околу 00:15 часот по локално време.

Според првите информации, неколку напаѓачи отвориле оган во еден бар. Убиена е девојка на возраст од дваесетина години, а другите ранети биле пренесени во болница. Тамошната полиција соопшти дека се очекува сите повредени да преживеат.

„Во еден момент тие се нашле во пеколна ситуација. Ги имаме најдобрите инспектори во земјата и нема да застанеме додека не откриеме кој е одговорен за ова лудило”, рече началникот на полицијата, Тод Акстел.

„Моето срце е скршено поради убиената девојка, нејзините најблиски и сите други што беа во тој бар“, додаде Акстел.

Градот Сент Пол каде што се случи пукањето е главен град на сојузната американска држава Минесота.

Треба да знаете
Последни објави