Search

Дебата за партиска независност на граѓанските организации

Меѓународните трендови на слобода и ограничување за политичко делување на граѓанските организации, ставовите на јавноста и политичките партии за улогата на граѓанските организации, се дел од темите за кои денеска ќе се дискутира на дебатата „Политички активни, партиски независни – граѓанските организации во интерес на јавноста” во организација на Македонски центар за меѓународна соработка.

Дебатата, на која ќе се дискутира и за „Неутралноста на организациите наспроти потребата да се вклучуваат во креирање политики и дискутираат и делуваат за решавање важни општествени прашања”, ќе ја водат Катерина Хаџи-Мицева Еванс, Европски центар за непрофитно право; Гордан Георгиев, универзитетски професор; Алберт Муслиу, Асоцијација за демократски иницијативи и Емина Нурединоска, Македонски центар за меѓународна соработка.

Настанот е организиран во рамки на програмата Граѓанскиот ресурсен центар финансирана од Европската Унија, а спроведувана од МЦМС во партнерство со Медиа Плус од Штип и Асоцијација за демократски иницијативи од Гостивар.

Целта на програмата е поддршка за градење капацитети на граѓанските организации за тие да бидат ефективни и отчетни независни актери кои придонесуваат кон опкружување кое е поволно за граѓанското општество.

Треба да знаете
Последни објави