Search

Две тракторски несреќи во малешевскиот регион

Во текот на вчерашниот ден во Беровскиот регион се случиле две сообраќајни несреќи, а возачите на тракторите се здобиле со тешки телесни повреди. Портапролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова денеска информираше дека првата несреќа се случила кај местото викано „Бричките” во атар на село Двориште.Педесет и четиригодишниот Б.Цод Беровоуправувајќи трактор „ИМТ” со беровски  регистарски ознаки на кој била и неговата сопруга И.Ц., изгубил контрола над тракторот и се превртелпри што се здобил сотешки телесни повреди и со возило на Итната медицинска помош Берово бил пренесен во болницата во Струмица, вели Панајотова.

Втората несреќа се случила во атарот на село Русиново, каде што 63 -годишниот   А.Г.  стартувајќи го тракторот „Фиат“, со беровски регистарски ознакиизгубил контрола,  се  превртелпри што се здобил со тешки телесни повреди и со возило на Итната медицинска помош Берово бил пренесен во Клиничката болница ШтипУвид на местото во двете несреќи извршила увидна екипа на Полициската станица-Берово.

Треба да знаете
Последни објави