Search

Две семејства се тепале во скопско Кондово, двајца повредени

На 22.10.2020 во 18,03 часот било пријавено дека во село Кондово-скопско бил нарушен јавниот ред и мир со меѓусебна пресметка помеѓу членови на две семејства, информира МВР.

Имено, според пријавеното, во дворот од куќата сопственост на Т.Ф.(45) дошле браќата Ф.Љ. С.Љ. и Ф. Љ. и физички го нападнале сопственикот, а потоа и С.Ф.(45), Р.Ф.(21) и 15 годишен малолетник.

Полициски службеници излегле на местото на настанот и бил пронајден нож, како и две чаури за кои Т.Ф. посочил дека биле испукани од пиштол од страна на Ф.Љ.

Во 21,00 часот од Комплексот клиники „Мајка Тереза“ било пријавено дека кај нив биле донесени С.Љ. и Ф.Љ. со повреди од остар предмет.

МВР работи на целосно расчистување на случајот.

Треба да знаете
Последни објави