На 28.10.2024, во 22:50 часот, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш ги лишиле од слобода И.Ш. (20) и Ф.Ф. (30), двајцата од Радовиш. Инцидентот се случил околу 21:30 часот на локалитетот „Еренџе” на планина Плачковица, кога полициските службеници им дале знак на патничко возило “форд” со радовишки регистарски ознаки и патничко возило „опел” без регистарски ознаки да застанат. Лицата, меѓутоа, не ја почитувале наредбата и се дале во бегство.
По активните полицијски дејствија, возилата биле пронајдени и утврдено е дека биле натоварени со бесправно исечени огревни дрва. Едното возило, сопственост на И.Ш., било управувано од Ф.Ф. Возилата и дрвата биле одземени и пренесени во Јавното претпријатие „Национални шуми” подружница „Плачковица” Радовиш. За случајот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш.