Search

Два брода на кинеската крајбрежна стража влегле во јапонските територијални води

Два брода на кинеската крајбрежна стража влегоа во територијалните води на Јапонија, близу островите Сенкаку, соопшти денеска јапонската крајбрежна стража. Како што пишува јапонската агенција Кјодо, ова следува откако е забележан кинески морнарски брод во близина на островите на кои право има и Кина.

Петнаесеттиот влез на бродови годинава и прв од 23 јуни, се случил околу 4.35 часот по локално време, откако кинески бродови следеле јапонски рибарски чамец, наведе во соопштение јапонската крајбрежна стража.

Патролни бродови издадоа наредба двата кинеска брода веднаш да излезат од водата близу групата ненаселени острови, со кои управува Јапонија, а право има Кина во Источното Кинеско Море.

Јапонскиот министер за надворешни работи, Јошимаса Хајаши изјави дека Јапонија се огласила со „сериозен протест” до Кина, по пат на дипломатски канали.

Тој на редовна прес-конференција, влезот на бродовите го нарече кршење на меѓународното право. Според него, Јапонија ќе се позанимава со дејствувањето на Кина „мирно и одлучно”.

Министерот за одбрана Нобуо Киши посочи дека кинеските „воени активности стануваат сè поактивни” и оти Јапонија „одлучно и смирено ќе излезе на крај со секој едностран обид да се промени статусот кво”.

Островите Сенкаку, што Кина ги нарекува Џиаоју, сè уште се проблематично прашање во билатералните односи на двете земји, потсетува Кјодо.

Јапонија и Кина во септември ќе одбележат 50-годишнина од нормализација на дипломатските односи. Сепак, расположението за прославување е на ниско ниво и на едната и на другата страна, наведува јапонската агенција.

Треба да знаете
Последни објави