Search

Двајца ранети во престрелка со „калашникови“ во Тетово

Двајца ранети и искршени стакла на локали е епилогот на престрелката која се случила вчера околу 21.30 часот во Тетово, јавуваат медиумите од овој град.

Според очевидци, вистинска среќа е што во престрелката нема загинати бидејќи се пукало од „калашникови“ од возила во движење во ентарот на Тетово.

Причините за инциднтот не се познати, а се шпекулира дека меѓу учесниците во престрелката е висок функционер на ДУИ и раководител на Јавна институција.

Од полицијата најавија повеќе детали за денеска, а неофицијално има нколку приведени лица осомничени за инцидентот.

Треба да знаете
Последни објави