Search

Двајца полицијаци од Кентаки ранети во протестот поради полициската бруталност

Двајца полицајци се застрелани во Луисвил, во американската сојузна држава Кентаки, во текот на протестот поради полициската бриталност, по покренатото обвинение против еден поранешен полицаец кој го извршил убиството на Афроамериканката Бреона Тејлор, јави ДПА.

-Двајца наши полицајци се застрелани вечерва, изјави Роберт Шредер, привремен началник на полицијата, опишувајќи ја како „многу сериозна и многу опасна ситуација”.

Германската агнција пренесува дека едниот од ранетите полицајци бил свесен и стабилен, додека вториот бил на операција.

За повредите на двајцата се смета дека не се опасни по животот, додава ДПА.

Треба да знаете
Последни објави