Search

Двајца загинаа кога хеликоптер се урна вo двор на куќа во Пенсилванија

Две лица загинаа кога хеликоптерот во кој биле се урнал во дворот на една куќа во Пенсилванија, соопштија денеска официјалните лица.

Несреќата се случила во областа Камберленд синоќа, изјави локалниот претставник Џон Броч за „Си-ен-ен“.

Тој рече дека повеќе граѓани пријавиле дека хеликоптерот се урнал околу 8,30 часот.

Хеликоптерот се урнал во заградениот двор на една куќа која притоа не е оштетена.

Мало количество гориво се излеало од леталото, но не избувнал пожар.

Причината за падот на хеликоптерот засега не е позната.

Треба да знаете
Последни објави