Search

Дваесет ученици повредени во напад со ладно оружје во училиште во Пекинг

Во основно училиште во пекиншкиот кварт Синченг денеска во напад со засега неидентификувано оружје повредени се 20 ученици од кои најмалку тројца имаат тешки повреди.

Кинескиот весник South China Daily Post пренесува информации од агенцијата „Ксинхуа“ дека нападот се случил во 11:15 часот претпладне по локално време.

Локалната полиција преку кинеската социјална мрежа „Веибо“ објави дека тројцата најтешко ранети ученици се во стабилна состојба и дека нивните повреди не се опасни по живот.

На интернет беше објавено видео од состанокот на училишниот персонал и родителите на учениците, каде што на родителите им било кажано дека нападот бил извршен од страна на вработен во училиштето.

Засега не е познато како е извршен нападот, но се споменува дека како оружје биле користени чекан или нож.

Треба да знаете
Последни објави