Search

Дваесет и две години ЛДП:Со еколошките акции дадовме придонес во борбата со загадениот воздух

Членовите и раководството на Либерално Демократската партија заедно со граѓаните го прославија 22-от роденден на партијата со активности посветени на здравата животна средина.

Со конкретни еколошки активности, ЛДП уште еднаш покажа дека е партија која активно учествува во борбата со загадениот воздух и даде скромен придонес во заложбата граѓаните да дишат чист воздух.

Локациите кои ги одбравме за садење на зимзелените дрва, скопската општина Аеродром, како и општините Битола и Кичево во изминатите години важат за едни од најзагадените во државата.

Утре, 20 април, сабота продолжуваме со акција во Куманово, во 12 часот, покрај реката Кумановка кај маркетот Туш. Ги очекуваме сите членови, симпатизери и граѓани за заедно да дадеме придонес за животната средина.

Треба да знаете
Последни објави