Search

 „Да, ја убив, тоа и го сакав“ – кажал Македонецот кој ја уби сопругата во Австрија

„Да, ја убив, тоа и го сакав!“, кажал 36-годишниот Џемаил М. од Македонија кој вчера на паркинг пред супермаркет во Австрија со нож два пати ја пробол сопругата Земира К. (32) и ја ооставил да искрвави до смрт. Тој со часови ја чекал пред маркетот и кога излегла ја избол во вратот пред очите на минувачите.

Тој го признал злосторството, а при испитувањето ладнокрвно им рекол на инспекторите дека ја убил и дека тоа го сакал.

Како што пишуваат австриските медиуми, нивниот брак во кој добиле два сина од 6 и 10 години, подолго време биле во криза. Љубоморниот маж подолго време ја малтретирал и ја злоставувал поради што жената го напуштила Џемаил и со синовите отишла во безбедна куќа.

Неодамна судот поради насилството во семејството на Џемаил му забранил да им приоѓа на синовите и заедничкиот стан.

Несреќната жена не сомневајќи се на ништо тргнала да купи храна за децата, а потоа по нив требало да оди во школо, меѓутоа во заседа ја начекал Џемали и со два убода со нож ја убил на лице место.

Џемаил работел како молер, а последен пат во фирма за обнова на фасади. Меѓутоа, заслепен од омраза и бес поради повредена „машка чест“, тој се решил на грзоморниот чин и на сред бел ден пред очите на многубројни минувачи на супермаркет ја избодел сопругата.

Несреќната жена не сомневајќи се на ништо тргнала да купи храна за децата, а потоа по нив требало да оди во школо, меѓутоа во заседа ја начекал Џемали и со два убода со нож во врат ја убил на лице место.

Неговиот брат во Македонија и целото семејство се очајни поради злосторството кое го извршил:

-Џемаил го уништи цело семејство. Не сакаме да го видиме. Беше зависен од коцкање, а имаше и погрешни пријатели-.

Постојат сомневања дека Џемаил бил и близок до Исламска држава. На една фотка се слика со вперен показалец од десната рака кон горе (Таухид поздрав) што е поздрав кој последните години го користат ИД.

Треба да знаете
Последни објави