Search

Дарио по тепањето од дадилката со модринки- мајката благодарна за откривањето на насилството

Со видливи повреди, модрици и гребаници на лицето и вратот, вака изгледа 2 годишното детенце кое беше тепано од дадилка. Фотографијата ја објави роднина на детенцето и повика секој што бил сведок на малтретирањето да ги контактира.

Мајката на тројката близначиња за Сител вели дека е благодарна што снимката била јавно објавена. Во телефонски разговор вели детенцето е дома, а неговата состојба по траумите засега е стабилна.

По пријава МВР ја приведе дадилката и таа е задржана во полициска станица се до пробирање на потребната документација.

Од ОЈО информираат дека за случајот постапува јавен обвинител кој во текот на денот ќе донесе одлука.

Треба да знаете
Последни објави