Search

Данска протера двајца вработени во „Хуавеј“

Данска одлучи да протера двајца вработени во кинескиот телекомуникациски гигант „Хуавеј“, кои ги немаат потребните документи, соопшти полицијата во Копенхаген.

„Во четвртокот полицијата извршила рутинска контрола на работни дозволи и дозволи за престој во канцелариите на ‘Хуавеј’. Во два случаја утврдено е дека документите не биле уредни“, изјави полициски извор, а пренесува АФП.

Изворот објаснил дека двајцата работници со спорни документи мора да ја напуштат земјата.

Компанијата „Хуавеј“ основана од страна на поранешниот воен инженер Рен Женгфеи е под сомнение за загрозување на безбедноста во западните земји, при што некои го забранија вградувањето на ултрабрза 5Г-интернет мрежа.

Иако кинеската компанија многумина ја сметаат за успешна и иновативна во однос на своите конкуренти, нејзината опрема наводно претставува потенцијал за кинеските разузнавачки служби за шпионирање на комуникацијата во земјите што ја користат.

Полицијата во Копенхаген изјави дека протерувањето на двајцата вработени од оваа кинеска компанија во Данска не е во никој случај поврзано со ваквите обвиненија.

Треба да знаете
Последни објави