Search

Данска и Норвешка ќе и помогнат на Грција за децата бегалци без придружба

За поддршка на Грција и децата бегалци без придружба што се наоѓаат во земјата, Данска и Норвешка, преку директни средства и грантови, финансиски ќе ѝ помогнат на Атина , за кои алтернативниот министер за миграција и азил на Грција Јоргос Кумуцакос се договори со надлежните министри од двете земји, јави дописничката на МИА од Атина.

Според министерството за миграција и азил на Грција, Кумуцакос и министерот за развојна соработка на Данска Расмус Прен, денеска потпишаа договор во висина од три милиони, средствата што ќе бидат достапни во периодот меѓу 1 јуни 2020 година и 30 ноември 2021 година, за изградба на центри за сместување на деца бегалци без придружба.

Во првата фаза просторот ќе биде со капацитет да прими 20-40 деца, а по завршувањето на втората фаза ќе може да се сместат до 4.000 деца бегалци без придружба.

Дополнителен простор за уште 1.000 деца бегалци без придружба ќе изгради Грција, преку финансиски средства од грантовите на Европска економска област (EEA Grants).

Кумуцакос вчера имал телефонски разговор со заменик-министерот за правда и внатрешна безбедност на Норвешка Хилде Барстад и му се заблагодарил за средствата во висина од 7.632.000 евра обезбедени од програмата „Азил и миграција” на EEA Grants.

Треба да знаете
Последни објави