Search

Даниловски: Точно да се дефинира кога мора да се носи маска

Епидемиологот Драган Даниловски во дебата за „360 Степени“ даде неколку сугестии до Комисијата за заразни болести за подобро да се справиме со пандемијата и поефикасно да се спроведуваат и почитуваат мерките. Според него, дефинитивно мора да се корегира начинот на регистрирање на причината за смрт од Ковид-19.

-На пример, стои дека треба да се носат маски на отворено. Тоа е мошне воопштена формулација и јас се согласувам дека во закон не ни може поконкретно да стои. Но затоа постојат подзаконски акти и правилници во кои можат во детали да се набројат ситуации апсолутно најконкретно каде на отворено треба да се носи маска. На пример, зарем ако седнам на клупа на Водно или во Парк треба да носам маска, или на кеј? Или на пикник на трева на ќебенце? Кога станува збор за кафеаните, гледам реакции на социјалните мрежи, како тоа на отворено ќе биде задолжително носење маска, а во угостителските објекти може да не се носи маска? Јас морам да кажам дека тоа е затворен простор. Независно од предвидените дистанци и колку и да се почитуваат протоколите, таму епидемиолошкиот ризик е повисок отколку и во гужва на отворено, вели Даниловски.

 

Треба да знаете
Последни објави