Search

Данаиловски: Мора да се корегира начинот на регистрирање на причината за смрт од Ковид-19

Епидемиологот Драган Данаиловски при вечерашното гостување во емисијата 360 степени и препорача на Комисијата за заразни болести да го смени начинот на водење статистика за починати од корона вирус.

-Дефинитивно мора да се корегира начинот на регистрирање на причината за смрт од Ковид-19. Вака како сега што се прави, кога сите позитивни починати во државата, независно какви коморбидитети и независно од која причина умреле, се водат како Ковид-19, тоа само непотребно ја зголемува бројката на починати кај нас и споредено со другите земји излегуваме на врвот. Мора да се разграничат, кои се починати од Ковид како основна причина за смрт, и кои со Ковид. Тоа не значи дека евиденцијата за позитивните, за овие со Ковид ќе се изгуби. Таа ќе се регистрира и можат како посебен контингент да се соопштат. Ама кога смртноста се соопштува меѓународно дефинитивно е неопходно да се разграничат овие две категории, препорачува Данаиловски.

Треба да знаете
Последни објави