Search

Дали да се оди на море треба секој сам да си процени, а мерките на претпазливост остануваат

Епидемијата со коронавирусот во Европа ја губи силата. Државите ги олабавуваат мерките кои беа преземани во битката со пандемијата. Има и такви држави кои од строг режим веднаш преминаа на експресно опуштање.

-Ниедна мерка не ја донесовме пребрзо. И за отварањето на границите не е потребна потврда за негативен тест бидејќи искуствата на другите земји покажуваат дека не е ефиаксна мерка, бидејќи од моментот на тестирање до издавање на резултатот лицето може да се инфицира и да биде лажно негативен. Затоа е потребна самоодговорност, со одржување на лична хигиена, миење на рацете, носење на заштитни маски, избегнување на собири во групи посебно во затворени простори, бидејќи тоа сепак е најефикасната заштита од инфекција – вели д-р Дарија Кисиќ Тепавчевиќ од српскиот кризен штаб во борбата со Ковид 19.

Следуваат летните месеци и потребата за заминување на море. Дали во оваа ситуација е безбедно да се замине на море ?

-Се креваат граничните рампи за туризмот. Повеќето држави нема да бараат тестови, а тоа значи дека нема да има технички и финасиски препреки со зголемени трошоци за да се патува. Вирусот слабее, се помалку е присутен меѓу луѓето, а во летните месеци генерално се намалува и можноста за преносливост, а со тоа и можноста да се инфицираме. И да се заразиме голема е веројатноста дека ќе имаме или асимптоматски облик на инфекција или слаба клинички слика. Но, секој треба да си  процени индивидуално и за своето семејство дали ќе тргне на одмор. Ако се одлучи за тоа треба да знае каков здравствен систем има во земјата каде ќе патува, бидејќи со патните осигурувања не се покриваат третманите за короанвирусот. Затоа треба да се одбираат дестинации, акот тоа им се случи да можат брзо да се врати во својата земја. За патување да се одбира превозно средство во кое нема да има многу контакти со други сопатници, автобуси или авиони… Истата препорака би им ја дала и за просторот каде ќе одлучат да бидат сместени – вели Тепавчевиќ.

 

Треба да знаете
Последни објави