Search

Давидовиќ за притворите за „27 април“: Невозможно е да има притвор со активна гаранција во исто време

Адвокатот Ѕвонко Давидовиќ обвинува дека судот не ја зел предвид високата гаранција кога ја донел одлуката за притворање до правосилност на пресудата, а преседан и надвор од законските прописи е определување на мерката притвор на обвинетите од „27 април“, а при тоа да не е симната гаранцијата.

„Кога се определува гаранција, не може да има друга мерка, освен мала како што е јавување во суд, но не може да има притвор и гаранција во исто време, односно куќен притвор и гаранција. Гаранцијата се дава за да се брани од слобода. Прво Кацарска гаранцијата не ја укина, не спомна ни збор, што значи сега има две мерки во исто време, што е невозможно и спротивно на законот. Таа воопшто во решението ништо не зборува за гаранцијата, ниту пак се симнати хипотеките, заложните права на недвижностите кои се дадени како хипотека. Преседан и надвор од законските прописи е сето ова. Буквално го прави целиот предмет онака како што и до сега изгледаше, амнестија за тие кои ги отворија вратите кои беа главни за да одговараат 16 луѓе и да добијат многу високи затворски казни. За споредба, еден од обвинетите доби 15 години затвор затоа што наводно го шутнал Зијадин Села додека лежел, а обвинетите за убиството во обид на Села добија од 11 до 14 години добија. Нема логика ни самата казна, но тоа ќе го коментираме во жалбената постапка. Каква беше постапката, таква е и одлуката за мерките, односно притворот, вели адвокатот Ѕвонко Давидовиќ.

Според адвокатите на обвинетите, јавна тајна е дека дел од обвинетите додека траел судскиот процес беа пуштени да се бранат од слобда со гаранции кои беа прифатени не само од Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1 Скопје, туку истите беа и потврдени и од страна на Апелациониот суд Скопје.

„За овие обвинети за кои беше определена гаранција, судијката Кацарска при донесување на решенијата  за определување на мерка притвор, намерно или случајно ја заборави изречената гаранција. Така во донесените решенија за притвор таа вопшто не беше спомената па така сега имаме ситуација во притвор да се наоѓаат обвинети на кои истовремено од Апелациоски суд им  уважи висока гаранција (на некои дури и до 800.000 евра) за да се бранат од слобода, која сe` уште е во правна сила“, објаснуваат адвокатите.

„Ова е виситински преседан во македонскиот правен систем, нешто што не е дозволено согласно одредбите од зкп, па затоа и никогаш не се случило до сега во македонското судство, ама се случи во овој судски процес некој да биде притворен, а притворот дури и му се гарантира со гаранција од неколку стотици илјади евра, навистина чудно, за правната фела неразбирливо“, пишува во соопштението до јавноста.

Според адвокатите, ваквата одлука на судот е во спротивност со одредбата од член 144 став 2 од ЗКП, во согласност со која судот кон обвинетиот истовремено може да определи повеќе мерки, освен кога ќе ја определи мерката притвор.

Адвокатите појаснуваат дека во Законот за кривичната постапка точно се определени условите кога веќе еднаш уважената гаранција може да пропадне или да се врати на обвинетиот, а тој услов не е и не може да биде изречената првостепена судска одука за огласување на виновен за сторување на кривично дело и определување на првостепена казна.

Гаранцијата ќе пропадне и на обвинетиот ќе му се определи притвор ако не дојде на уредно доставената покана и за тоа не го оправда изостанокот, ако побегне и ако го повтори или доврши кривичното дело или го стори кривичното дело со кое се заканува.

Адвокатите потсетуваат дека обвинетиот Сеад Кочан во случајот на СЈО ,,Труст“ имал уважена гаранција, па така кога првостепениот суд го осуди на казна затвор од 6 години, токму поради вложената гаранција Кочан беше спроведен во притвор.

Треба да знаете
Последни објави