Search

Гутереш ги посети нападнатите џамии во Нов Зеланд

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш денеска ги посети двете џамии во Нов Зеланд, во кои при нападите во март загинаа 51 верник.

Гутереш помина околу 30 минути во џамијата Ал Нур во Крајстчрч, каде што разговараше со муслиманските лидери и преживеаните.

-Знам дека нема зборови со кои може да се намали болката, но сакав да дојдам овде лично и да пренесам љубов, поддршка и восхит, рече Гутереш.

Генералниот секретар потоа положи венец пред втората џамија, каде, исто така, разговараше со преживеаните.

Треба да знаете
Последни објави