Search

Гувернерот на Њујорк: Нарачавме 17.000 респиратори, како да сме на „Ибеј“

Гувернерот на Њујорк, Ендрју Куомо изјави дека од Кина нарачале 17.000 специјални типови респиратори таканаречени „вентилатори“, со просечна цена од 25.000 американски долари.

Куомо, сепак, рече дека очекува да добие само 2.500 „вентилатори“, истакнувајќи дека проблемот е што во набавката на опрема се натпреварува со Федералната агенција за управување со вонредни состојби и многу други држави.

„Тоа е како на ’Ибеј’ да се натпреварувате за вентилатор со 50 други држави“, рече Куомо.

Тој истакна дека сојузната влада и Федералната агенција за управување со кризи треба да бидат агенти за купување, да набават сè, а потоа да издвојуваат средства за сојузните држави по потреба, пренесува „Ројтерс“.

Треба да знаете
Последни објави