Search

Гуаидо за Мадуро: Tој живее надвор од реалноста

Венецуелскиот опозициски лидер Хуан Гуаидо, кој се прогласи за привремен претседател, ги отфрли тврдењата на претседателот на Венецуела дека не успеал во намерата да го собори од власт.

Сепак, Гуаидо призна дека дезертерите од армијата кои се одрекоа од лојалност кон Мадуро за да се префрлат на негова страна, не се доволни за голема промена.

Тој додава дека не може да разбере зошто Мадуро смета дека е се готово кога е во прашање обидот за негово соборување од власт.

„Јас не гледам како тоа е готово. Всушност, се осмелувам да кажам дека промената во Венецуела е неизбежна. Никогаш претходно во Венецуела не сме имале толку конкретна прилика за демократски промени“, рече Гуаидо.

„Верувам дека Мадуро е навистина одвоен од реалноста. Секогаш е контрадикторен во изјавите, а ова загрижува зошто ние сакаме мирна транзиција на власта“, додаде тој.

Треба да знаете
Последни објави