Search

Грчкиот Парламент го ратификуваше Протоколот за членство во НАТО

Грчкиот парламент го ратификуваше Протоколот за влез на Македонија во НАТО. Со 153 гласа „за“, 140 „против“ и еден воздржан, грчкиот парламентот на Грција по 10 часовна  расправа го ратификуваше Протоколот за членство во Алијансата.

,,Историјата ќе ни суди”, порача грчкиот премиер Алексис Ципрас, бранејќи го Договорот од Преспа на долгата расправа во грчкиот рарламент која заврши со ратификација на Протоколот со кој и се овозможува на земјава да стане дел од НАТО под името ,,Северна Македонија”.

Седницата започна со барањето на партиите Златна Зора и Независни Грци да се зголеми мнозинството потребно за ратификување на документот од 151 на 180 пратеници, или во спротивно, според нив, одлуката би била неуставна бидејки со неа се отстапувале суверените права на грчката држава. Барањето беше одбиено, а пратенците од Сириза потсетија дека вакви прашања не беа покренувани кога се ратификуваа протоколите за пристапување на Албанија и Бугарија во НАТО.

Треба да знаете
Последни објави