Search

Грчкиот Парламент во првото гласање даде зелено светло за дел од уставните измени

Гарантирање на верската неутралност на државата, ограничување на пратеничкиот имунитет и ратификување на меѓународни договори преку референдум, се дел од уставите измени што ги усвои грчкиот Парламент во прво гласање, јави дописничката на МИА од Атина.

– Предлозите на пратеничката група на СИРИЗА во целост беа усвоени со апсолутно мнозинство од пратениците, па дури и со зголемено мнозинство од над 180 гласови, соопшти од Кабинетот на грчкиот премиер Алексис Ципрас.

Од дополнителните предлози доставени или поддржани од пратениците на СИРИЗА, меѓу другите, беа изгласани и гарантирање на забраната за родова дискриминација поради род и сексуална ориентација, замена на премиерот поради здравствени причини и проширување на гарантирањето на независноста кај воените судии.

Меѓу одредбите кои не добија зелено светло и нема да бидат ставени на второ гласање се и предлогот да се одвои изборот за претседател на државата од распуштањето на Парламентот, во случај да не може да биде избран од пратениците.

За конкретниот закон беа усвоени одредени членови, па во текот на второто гласање ќе се разјасни дали останува отворена можноста шефот на државата да биде избран од народот, а не од Парламентот како што се сега

На првото гласање помина и измената на членот 3 од грчкиот Устав за гарантирање на верската неутралност на државата.

Процесот на уставна ревизија ќе продолжи по еден месец, кога ќе се одржи второто гласање за одредбите кои беа усвоени на првото гласање

Треба да знаете
Последни објави