Search

Грција воведува задолжителна вакцинација за граѓаните постари од 60 години

Од неопходни  причини за заштита на јавното здравје, задолжително се вакцинираат против Ковид-19 сите физички лица со живеалиште или постојан престој на грчка територија, а кои се родени пред 31 декември 1961 година, пишува на почетокот од амандманот за задолжителната вакцинација во Грција за лицата над 60 години, што веќе е доставен во грчкиот Парламент.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, конкретната мерка, вчера ја соопшти грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, а лицата за кои важи задолжителната вакцинација, мора да ја имаат примено прва доза до 16 јануари 2022 година.

Од неопходни  причини за заштита на јавното здравје, задолжително се вакцинираат против Ковид-19 сите физички лица со живеалиште или постојан престој на грчка територија, а кои се родени пред 31 декември 1961 година, пишува на почетокот од амандманот за задолжителната вакцинација во Грција за лицата над 60 години, што веќе е доставен во грчкиот Парламент, јави дописничката на МИА од Атина.

Конкретната мерка, вчера ја соопшти грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, а лицата за кои важи задолжителната вакцинација, мора да ја имаат примено прва доза до 16 јануари 2022 година.

Треба да знаете
Последни објави