Search

Груевски: Сега не можам да докажам дека сакаат да ме ликвидираат, а со Орбан не сум разговарал

Поранешниот премиер, Никола Груевски во интервјуто за ТВ Сител изјави дека избегал поради информациите дека му се подготвува ликвидација.

-Имав намера за одам во затвор и покрај сите тие луди пресуди. До последен момент се борев за правда и ев неправедно осуден. Но во последните денови добив информација за моја ликвидација. Но не веднаш, туку по некое време. Затоа до крајот се мислев што да направам. Информацијата ја добив од лица кои се добро информирани за состојбата во затворот и тоа се сигурни луѓе. Во моментов не можам да ги докажам овие тврдења, но сознанијата се сигурни. Ја одбрав Унгарија затоа што е членка на ЕУ и НАТО и има независни институции. Немав контакт ниту со премиерот Виктор Орбан, ниту, пак, со било кој друг политичар во регионот. Во унгарската амбасада во Скопје не можев да барам азил. Еден ден ќе се вратам, не сум дојден тука да живеам, туку да се засолнам од неправедниот прогон и неправда. До крај се борев и кога видов дека ке бидам осуден за дело за кое во други држави воопшто нема ни да има обвинение. Зборев и со адвокати тука во Будимпшта кои рекоа дека не би покренале ниту постапка, рече Груевски.

Треба да знаете
Последни објави