Search

Груевски: Не ги знам сите докази и аргументи за исклучувањата од ВМРО – ДПМНЕ

Груевски: Не ги знам сите докази и аргументи за исклучувањата од ВМРО – ДПМНЕ

Поранешниот претседател на ВМРО – ДПМНЕ, Никола Груевски, пред судот денеска изјави дека не му се познати сите аргументи за исклучувањата на членови од ВМРО – ДПМНЕ.

Иако пред влегување во судот на предметот “Титаник“ ги одмина новинарите говорејќи на мобилен телефон на излагување рече дека посакува едно силно ВМРО – ДПМНЕ кое ќе ја порази оваа власт.

Неговите адвокати денеска треба да се информираат кај кој судија е распределен предметот за извршување санкции, а кој има рок од 8 дена да изготви уаптен акт за извршување на казната затвор од две години, која му беше изречена за предметот  Тенк, односно набавката на Мерцедесот од 600-тини илјади евра.

Адвокатите на Груевски потврдија дека во понеделникот ја добиле извршната пресуда, а сега чекаат да биде формиран упатниот акт на кој ќе биде означен датумот, часот и затворот каде Груевски ќе треба да се јави.

Одбраната најави дека ќе бараа одложување на на извршувањето на правосилната пресуда, но не наведуваат што ке наведат како причина. Одбраната може да бара вонредно преиспитување на пресудата кое треба да се поднесе во рок од 30 дена од приемот.

Инаку, на денешното рочиште за Титаниккое се однесува за изборните нерегуларностисе слушаат и дел од преостанатите 400 необјавени бомби кои се дел од доказната постапка.

Треба да знаете
Последни објави