Search

Груевски во амбасада на Унгарија побарал азил, но не во Македонија

Никола Груевски во амбасада на Унгарија, но не во Македонија поднел барање за азил пред да му биде одобрено да дојде во Будимпешта, изјави министерот во владата на Орбан, Ѓулијаш Ѓерѓели.

Според него, откако Груевски со писмо побарал да му се обезбеди засолниште поради закани за неговиот живот истото било разгледано и било одлучено поради безбедносни причини да му се овозможи директно да дојде во центарот за бегалци во Будимпшета, а не да се пријави во транзитните центри на унгарските граници.
Груевски, според него немал пасош, а преку балканските земји е можно да се патува и со лична карта.

Ѓержели нагласил дека тоа не било политичка одлука, тку дека е донесена од надлежни инстутиции, но не сакаша да даде повеќе детели за целата постапка.

Треба да знаете
Последни објави