Search

Груби се откажа од учество во Комисијата за избор на работници од УБК

Претседателот на собраниската Комисија за европски прашања Артан Груби со допис соопшти дека поради, како што вели, преголеми  други обврски не е во можност да учествува во работата на Комисијата за селекција и избор на работници од Управата за безбедност и контраразузнавање.

На денешната седница на Комисијата за надзор над работата на Управата за безбедност и контраразузнавање и на Агенцијата за разузнавање, пратеникот на ДУИ Груби, заедно со пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Трајко Димков,  беше предложен да учествува во работата на тоа тело.

-Во врска со заклучокот на Комисијата во кој сум предложен да учествувам во работата на Комисијата за селекција и избор на работници од Управата за безбедност и контраразузнавање,  поради преголеми други обврски Ве известувам дека не сум во можност да учествувам во работата на оваа Комисија, пишува во писмото на Груби до претседателот на Собранието и до претседателот на собраниската Комисија за надзор над работата на Управата за безбедност и контраразузнавање и на Агенцијата за разузнавање.

Комисијата денеска ги избра членовите Димков и Груби кои, како што рече претседателот на Комисијата Трајко Вељаноски, се предложени по претходна консултација со политичките партии.

Треба да знаете
Последни објави