Search

Груби- Медиу: Северна Македонија и Албанија заслужуваат почнување преговори за членство во ЕУ

Првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби денеска оствари средба со претседателот на Републиканската партија на Албанија и поранешен министер за одбрана Фатмир Медиу.

Двајцата соговорници, како што соопшти Кабинетот на Груби, разговараа и за политичката состојба во Република Северна Македонија и Република Албанија, како и за други важни настани во регионот.

Груби и Медиу, како што се наведува во соопштението, разменија мислења и за соработката помеѓу Северна Македонија и Албанија со Соединетите Американски Држави, особено во областа на 5G мрежата, иницијативата „Три мориња” и конструктивната и интензивна комуникација со нашите заеднички американски пријатели.

-Груби и Медиу оценија дека Република Северна Македонија и Република Албанија, како две земји-членки на НАТО, се движат во вистинска насока и дека целосно заслужуваат започнување на преговорите за членство во Европската Унија, стои во соопштението.

Вицепремиерот Груби и Медиу разговараа  и за потребата од одржувањето на првата заедничка меѓувладина конференција на Северна Македонија и Албанија со Европската Унија, конференција која што ќе го означи официјалниот почеток на преговорите за членство во ЕУ.

Треба да знаете
Последни објави