Search

Груби „леташе орли“ и го именуваше Стоилов како „играчот со број 5“

Пратеникот на ДУИ, Артан Груби, во синоќешното гостување на „24 анализа“ на ТВ 24, симболизираше „летање на орел“ и упати и критики кон македонскиот репрезентативен ракометар, Стојанче Стоилов, кого го нарече играчот со број 5!.

Груби инсистираше дека сѐ е во ред со начинот на кој челниците на ДУИ го слават Законот за јазици. Тој сѐ сведуваше на емоции и чувства , право на Албанците, но не прифаќа дека ова буди неубави чувства кај остатокот од граѓаните, бидејќи е асоцијација на голема Албанија, па и самиот го покажа орелот среде емисија.

-Не знам каде го гледате тој национализам и зошто тие „орли“ ви пречат. Тоа не е Голема Албанија. Ме повредува ракометарот на којшто му пречи албанскиот јазик, истакна Груби.

Претходно кога се објави Законот за двојазичност во службен весник тој и порача на опозицијата која  целиот период се противи на истиот, ВМРО-ДПМНЕ да го преведе на албански и таква табла да постави пред своето седиште.

 

Треба да знаете
Последни објави