Search

Гром не подржува промена на уставот поради уставното име

Единствениот ,, суверен ,, на теритиријата на РМ се македонскиот народ и сите граѓани кои живеат во РМ. Тие одлучија на референдумот во 1991 година Р Македонија да биде самостојна суверена и независна држава.  Од таму никој нема право да оди спротивно од волјата нанародот.  Покрај едномесечното медиумско насилие, притисоци и референдумски фалсификат на 30 септември 2017 година, власта го доби одговорот кој го бараше, а, ДИК, референдумот го прогласи, затвори и архивира како неуспешен.

Имајќи ја во предвид јасно искажаната волја на граѓаните Извршниот Одбор на ГРОМ, по предходна расправа на Централниот Одбор, останува на ставот дека никој нема право да ја редефинира и крши волјата на граѓаните. Народната волја не може да ја кршат осумдесетина однародени пратеници во собранието на РМ. Тие, наместо да бидат гласот на народот се претворија во извршители на мрачни сценарија против Македонците од страна на надворешен фактор.

Затоа,  ГРОМ, јасно и недвосмилсено и соопштува на македонската јавнст, дека, не подржува промена на Уставот поради промена на уставното име, ниту пак, било – какви така наречени (квази) подобрувања со уставни амандмани.

Секој оној кој што се споротиставува и на манипулативен, дрзок и крајно безобразен начин се труди да ја изигра волјата на народот, во многу блиска иднина ќе се соочи не само со политичка  туку и со правана – кривична одговорност, согласно позитивните законски прописи во РМ.

Треба да знаете
Последни објави