Search

Грковска: Сè уште заостануваме на планот на родовата еднаквост, но оваа состојба не смее да не обесхрабрува

Сè уште заостануваме на планот на родовата еднаквост, но оваа состојба не смее да не обесхрабрува, рече вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, на денешната Конференција за родова еднаквост во спортот и застапеноста на жените во спортските организации и родовата дискриминација во спортот, што се одржа заедно со Биатлон федерацијата на Република Северна Македонија.

– Во време кога Република Северна Македонија прави големи чекори во својата интеграција во семејството на државите во Европската Унија, мораме да бидеме самокритични, дека сè уште заостануваме на планот на родовата еднаквост. Оваа состојба не смее да не обесхрабрува, туку напротив, треба сите да не мотивира и со заеднички ангажман, а пред сѐ мислам на  државата, невладините организации, спортските клубови и сите останати пријатели на спортот, заеднички да работиме на подобрување на оваа состојба, изјави вицепремиерката Грковска.

Од владината прес-служба информираат дека на настанот се обратиле и Кочо Кираца од Биатлон федерацијата, директорот на Агенција за млади и спорт, Наумче Мојсовски, Татјана Блажевска, Силвија Митевска од Македонски Олимписки Комитет, Габриела Маџоска од Министерството за труд и социјална политика, деканката Ленче Алексовска-Величковска од Факултетот за физичко образование, спорт и здравје, Зорица Блажевска од РК Металург и кошаркарскиот делегат Елена Велкоска.

На средбата, обострано беше констатирано, дека заеднички и во иднина ќе се унапредува оваа материја преку соработка.

Треба да знаете
Последни објави