Search

Граџан: Одиме на победа и против Спортинг

По двете победи во серија против АЕК и Татабања, ракометарите на македонскиот вицешампион Еурофарм Пелистер утревечер во Лисабон му гостуваат на Спортинг во рамки на 5. коло од групата Д во Лига Европа.

Во изјава за клупскиот сајт, кружниот напаѓач на Еурофарм Пелистер најави денеска дека битолскиот тим со победнички амбиции влегува во пресметката со лидерот во групата.

– Како и на секој натпревар, така и овој пат одиме на победа. Пред две сезони, исто така, во групната фаза игравме против Спортинг и знаеме дека станува збор за многу добра екипа. Негуваат брза транзиција на топката и многу силна одбрана, слична на нашата, но мислам дека нема да имаме проблем да ја пробиеме и за тоа многу добро ќе се подготвиме, изјави босанскиот репрезентативец во редовите на Еурофарм Пелистер, Граџан..

Македонскиот тим пред гостувањето во Португалија е второпласиран на табелата со пет бодови, еден помалку од лидерот Спортинг. 

Треба да знаете
Последни објави