Search

Граѓанско Демократска Унија (ГДУ) го промовираше својот локален клуб во Охрид

Партијата Граѓанско Демократска Унија (ГДУ), синоќа го промовираше својот локален клуб во Охрид. На промоцијата свои обраќања имаа потпретседателот на локалниот клуб во Охрид, Михаил Трендафилов, потпретседателот на ГДУ, Енсер Јусуфоски и претседателот на партијата, Петар Колев.

„Во своето обраќање Трендафилов истакна дека верува во идеите кои ги застапува Граѓанско Демократска Унија, бидејќи партијата е млада и нема хипотеки од минатото. Трендафилов истакна дека ГДУ ќе го обели образот на македонското политичко милје и додаде дека луѓето ќе се убедат во тоа, како што тој поверувал во оваа млада и прогресивна партија. Потпретседателот на локалниот клуб истакна дека ГДУ ќе биде промената на политичкото статус-кво од кое за 27 години, останатите политички партии направиле само поделба меѓу македонските граѓани“, се наведува во соопштението на партијата.

Потпретседателот на ГДУ, Енсер Јусуфоски во своето кратко обраќање ги поздравил присутните и им посакал успешна работа во промовирањето на идеите за кои се залага партијата.

Претседателот на Граѓанско Демократската Унија, Петар Колев, скернал внимание на тоа дека основната идеја на политиката е да создаде услови за подобар живот и развој на обичниот човек, а не само поле на кое се истакнуваат различните ставови и се прават политички кариери.

„Колев беше дециден дека ако политичарите не успеат во тоа да им овозможат понормален живот и секојдневие на граѓаните, тогаш нема никаква смисла во тоа со што се занимаваат“, информираат од партијата и додаваат дека според планот, следниот локален клуб што ќе биде промовиран ќе биде во Куманово.

Од ГДУ велат дека настанот во Охрид бил помрачен од фактот што ден претходно починал таткото на претседателот на локалниот клуб, Крсте Ристески, а на денот на самата промоција пристигнала и веста за прераната смрт на градоначалникот на Охрид, Јован Стојаноски.

Треба да знаете
Последни објави