Search

Грацијани смета дека Џеко не може да биде соодветна замена за Лукаку

Корпулентниот боснаски фудбалски интеранционалец Един Џеко беше ангажиран од актуелниот италијански првак Интер да го замени Белгиецот Ромелу Лукаку. Интер на стартот од новата сезона во Лигата на шампионите беше поразен од Реал Мадрид (0:1) по што на адреса од Џеко стигнаа првите критики. Поранешниот италијански напаѓач и тренер, Франческо Грацијани смета дека Џеко не може целосно да го замени Лукаку.

-Џеко не го поседува инстинктот на „убиец“ пред голот, нема нос да намириса опасна ситуација и да се најде на вистинското место. Интер го загуби Лукаку и Џеко не може да го замени на најдобар начин. Во домашното првенство тоа помалку се чувствува, но во Европа сфаќате колку е важно заминувањето на Белгиецот и колку не можете да го замените со актуелните играчи – изјави Грацијани.

Џеко во првенството од Серија А почна со гол и асистенција, но на следните три натпревари, вклучувајќи го и дуелот со Реал, не успеа да се запише во листата на стрелци.

Треба да знаете
Последни објави