Search

Гратче во Колорадо избра планинско куче за градоначалник

Бернското планинско куче наречено Паркер снежното куче, беше избрано за почесен градоначалник на Џорџтаун, Колорадо, пренесува „Спутник“.

Крзнениот нов градски лидер не е познат само по својата политичка кариера, тој исто така е терапевтско куче за локалната заедница со посебни потреби и маскота на скијачката област „Ловленд“, а е многу популарен и на социјалните мрежи со 16.800 следбеници на Инстаграм.

Како што му доликува на државен службеник, новоизбраниот крзнен градоначалник пристигнал на церемонијата за инаугурација со патриотски очила и вратоврска.

Паркер ја положил заклетвата за градоначалник пред судијата Линет Келси. Паркер доби едногласна поддршка од градскиот одбор на 11 февруари.

Треба да знаете
Последни објави