Search

Град Скопје ќе воведе ред во поставување на урбаната опрема

Советот на Град Скопје денеска ја одржа 21-ва седница на која беа разгледувани повеќе информации и извештаи и беа донесени повеќе одлуки.

Една од главните точки кои Советот на Град Скопје ги донесе е Одлуката за утврдување потреба за поставување урбана опрема и за условите, начинот и постапката за издавање одобрение за поставување  урбана опрема и одобрение за вршење дејност надвор од деловен простор на подрачјето на Град Скопје.

Станува збор за одлука која е од голема важност бидејќи планирањето и уредувањето на просторот е основна надлежност од јавен интерес и со истата се става крај на узурпирањето на јавниот простор.

Со оваа одлука се врши координација и усогласување на повеќе одлуки од областа на критериумите и поставувањето на времените објекти и урбаната опрема, каде што новина е одвојувањето на постапките за добивање одобрение за поставување урбана опрема и постапките за добивање одобрение за поставување урбана опрема за вршење дејност надвор од деловен простор. Со овие новитети детално е разработена постапката за издавање на одобренијата посочувајќи ги чекорите, придружните документи, плаќањата и елаборатите.

Друга новина е предвидениот надоместок кој Град Скопје ќе го наплаќа за застаклување на просторот за кој е издадено одобрение за поставување урбана опрема и одобрение за вршење дејност надвор од деловен простор кој ќе се применува од наредната зимска сезона, поточно во периодот од 1 ноември до 31 март во висина од 15 денари за квадратен метар без пресметан ДДВ.

Основна цел на оваа одлука е воведување нови стандарди во сферата на поставување урбана опрема на јавните површини во Скопје, со цел унапредување на квалитетот на живот на сите наши сограѓани.

 

Треба да знаете
Последни објави