Search

Град Скопје најавува блокирање на сметките на должниците за 2018 година

Град Скопје ги известува сите граѓани дека во согласност со одредбите од Законот за даноците на имот за присилна наплата (Сл.весник број 61/2004….23/2016),  ja почнa постапката за присилна наплата на неплатените обврски по основ на годишниот данок на имот и комунална такса за фирмарина за 2018 годинa, со доставување опомени, по кои следуваше изготвување решенија за присилна наплата и нивно доставување до сите правни и физички лица коишто вршат дејност на територијата на град Скопје. Доколку по ваквите решенија обврзниците не постапат заклучно со 15.11.2019 година, Град Скопје ќе започне со доставување решенија за блокада на нивните сметки по банки.

Ви укажуваме дека сите даночни и таксени обврзници кои по горенаведените основи имаат заостанати и неплатени долгови, потребно е да ги подмират своите обврски.

Треба да знаете
Последни објави