Search

Град Скопје за Блек фрајдеј ќе ги засили инспекциските контроли околу шопинг центрите

Град Скопје соопшти дека утре ќе ги засили инспекциските контроли околу шопинг центрите во Скопје, поучени од негативните искуства од минатите години за време на блек фрајдеј со голем број негативни примери за неправилно одложување на отпадот и непрописно паркирање.

– Градските инспектори за патен сообраќај ќе вршат засилени контроли во однос на непрописното паркирање на јавни површини, а комуналните инспектори ќе вршат засилени контроли во однос на неправилното одложување на отпадот. Согласно со правилата за третман на отпадот, амбалажата за пакување на големите производи (особено за бела техника) се третира за кабаст отпад и не треба да да се одлага во садовите за отпад што беше честа појава изминатите години околку трговски центри за време на овие попусти, посочуваат од Град Скопје.

Градските власти ги потсетуваат потрошувачите за можноста овој вид отпад да се одложи во Центрите за селекција во Карпош и во Вардариште, без плаќање паричен надоместок. Воедно, апелираат до граѓаните да го чуваат зеленилото и другите јавни површини, а своите возила да ги паркираат исклучиво на означените паркиралишта.

Треба да знаете
Последни објави