Search

Град Скопје го објави Јавниот повик за финансирање проекти и активности од областа на културата

Град Скопје,  денеска (18 септември 2019 година) го објави Јавниот повик за финансирање проекти и активности од областа на културата од интерес на Градoт за  2019  година, на кој може да се поднесат предлог-проекти за следните области:

  1. Поддршка на проекти, манифестации и активности во доменот на професионалното, аматерското и младинското делување во следните области:
    • Изведбени уметности
    • Музички уметности
    • Визуелни уметности и уметност на новите медиуми
    • Издавачка и библиотечна дејност
    • Музејска дејност и промоција на културното наследство

1.6.     Меѓународна соработка

На Јавниот повик имаат право  да учествуваат уметници, самостојни уметници,  установи од областа на културата, здруженија на граѓани, фондации и други правни и физички лица што вршат дејност од областа на културата во согласност со Законот за културата и други позитивни законски прописи во Република Северна Македонија. Покрај наведените специфични области, поднесените пријави треба да ги задоволуваат  „Целите и  критериумите за избор на проекти од областа на културата од интерес на Град Скопје“  што се дадени во прилог на Јавниот повик  објавен на Официјалниот веб портал на Град Скопје  www.skopje.gov.mk.

Пријавувањето на Јавниот повик  e во електронска форма и тоа на следниот линк http://www.skrati.mk/kultura.

Јавниот повик  е објавен во дневните пишани медиуми „Слободен печат“ и „Коха“ и ќе трае до 18.10.2019 година, односно, 30 календарски денови од денот на објавувањето во  средствата за јавно информирање и официјалниот веб портал на Град Скопје www.skopje.gov.mk.

Дополнителни информации може да се добијат на следните телефони: 02/ 3297-324, 02/ 3297-289, 02/3297-243 и на следната мејл адреса kultura@skopje.gov.mk.

 

Треба да знаете
Последни објави