Search

Градоначалникот на Штип, Бочварски оствари средба со амбасадорот на САД, Џес Бејли

Денеска градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски во својот кабинет оствари средба со амбасадорот на САД во нашата држава, Џес Бејли.

На состанокот се разговараше за успесите на нашата држава во овој период, за огромната важност и придобивките од влезот во НАТО Алијансата.

Македонија и во идниот период останува посветена на реформите, економскиот раст и евроинтеграциите.

Градоначалникот Бочварски го информираше амбасадорот Бејли дека во Штип се работи на подобрување на инфраструктурата како и на проектирање на брана на реката Отиња, грасификација на градот, нова детска градинка и многу други проекти кои го обезбедуваат растот и развојот на Штип.

Градоначалникот Бочварски искажа благодарност до амбасадорот Бејли, за неговите заложби на патот кон демократизација и интеграција на државата во НАТО Алијансата.

Треба да знаете
Последни објави