Search

Градоначалникот на Охрид во изолација, неговите родители се позитивни на ковид-19

Градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески информира дека е во изолација, бидејќи неговите родители се позитивни на ковид-19.

-И покрај почитувањето на сите мерки и препораки за превенција, моите родители имаат позитивен тест на Корона вирусот ковид-19. За среќа, за сега имаат лесна клиничка слика. Согласно утврдените здравствени протоколи јас и целото мое семејство во текот на наредниот период ќе бидеме во изолација. Упатувам апел до сите граѓани да бидат внимателни и максимално да ги почитуваат мерките за заштита, напиша Геогиески на Фејсбук.

Треба да знаете
Последни објави