Search

Градоначалникот на Ново Село доби 18 месеци затвор

Градоначалникот на Ново Село доби 18 месеци затвор

По денешната главна расправа, струмичкиот суд ги изрече пресудите за градоначалникот на Ново Село – Боро Стојчев и останатите лица кои на 10 јули беа фатени на локалитетот Попова Чука како пренесуваат цигари. Како што информираа од судот, градоначалникот Стојчев е осуден на казна затвор од година и шест месеци додека неговиот син и внук добија казна затвор од еден година. Заради здравствени причини, сопругата на градоначалникот доби условна казна, а лицето кое требало да го набљудува теренот од полиција, доби осуммесечна казна затвор.

Основното јавно обвинителство пред денешната расправа го измени обвинението и на осомничените не им се судеше за криумчарење, туку за кривично дело обид за пренесување непријавена стока.

Сите обвинети го признале кривичното дело заради што имаат право на жалба до апелација во Штип единствено за висината на казните. Според пресудата, се укинува и мерката притвор за што обвинителството има право на жалба.

Градоначалникот на Ново Село, со неговите најблиски, беше фатен два километри пред македонско – бугарската граница како во две теренски возила превезуваат 33 илјади кутии цигари од марката Калипсо.

Треба да знаете
Последни објави