Search

Градоначалникот на Кавадарци Јанчев и советниците од ВМРО ДПМНЕ се скараа

Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев искажа разочараност од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ,  поради напуштањето на седницата на кавадаречкиот совет. Советниците од ВМРО-ДПМНЕ, според Јанчев, предвреме ја напуштиле седницата на Советот за да не гласаат за одредени точки на дневниот ред, кои се во интерес на граѓаните, бидејќи имале несогласувања во сопствената коалиција.
Јанчев смета дека тие си заминале од седницата кога требало да се донесат неколку значајни одлуки. Градоначалникот обелодени дека советниците не сакале да застанат до него на прес конференцијата на која градоначалникот даваше отчет што сработил во изминатите две години од мандатот, доколку покрајнего биле и советниците на СДСМ.
-Ти го каниш на свадба, тој те прашува со кого ќе седи на маса, вака  сликовито кавадаречкиот градоначалник го опиша однесувањето на сопартициите во советот.
Ја повик советничката група од ВМРО ДПМНЕ да им се извини на граѓаните, да ги надминат проблемите со суетите и меѓусебните недоразбирања во партијата.
На седницата, Јанчев изнесе информација дека на жителите на селото Дабниште во минатото не им се дозволувало да се приклучат на водоводната мрежа.

Треба да знаете
Последни објави