Search

Градинката во Радишани затворена 15 дена поради епидемија на морбили

Градината во Радишани во која има зараза од морбили е затворена и нема да работи во наредните 15 дена, информираа од Општина Бутел.

Инспектори од Државниот санитарен и здравствен инспекторат денеска беа во објектот во Ташко Караџа кој е затворен откако е пријавено дека шест деца се заразени, односно епидемиолошки поврзани случаи со морбили.

Градоначалникот на Бутел, Велимир Смилевски во координација со Министерството за здравство, Министерството за труд и социјална политика донесе одлука градинката да се затвори за прием и згрижување на сите деца кои ја посетуваат оваа зграда.

Оваа задолженост е за период од 15 дена од инкубацијата и ако не се појави нов случај, градинката ќе продолжи со својата редовна работа.

Во моментов, во објектот се згрижуваат 160 деца од предучилишна возраст. Се преземаат соодветни заштитни мерки и во овој момент се врши целосна дезинфекција на објектот.

 

Треба да знаете
Последни објави